ПРВ.мк
Македонија

БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО: МВР со кампањи против ризично возење, врсничко насилство и зависности

БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО: МВР со кампањи против ризично возење, врсничко насилство и зависности

Министерството за внатрешни работи денеска, 5 ноември, реализираше низа превентивни и едукативни активности во повеќе градови низ Македонија, со цел подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот, спречувањето на врсничкото насилство и штетните последици од зависностите.

Во Штип, Свети Николе и Виница полициските службеници разговараа со возачите за задолжителното користење сигурносен појас, техничката исправност на возилата и одговорното паркирање. Во рамки на кампањите беа поделени и едукативни летоци.

Во Кавадарци акцентот беше ставен на користењето сигурносен појас, при што граѓаните беа потсетени дека оваа законска обврска важи и за возачите и за патниците.

Во Чашка беше спроведена кампањата „Не користи мобилен телефон додека возиш“, со предупредување за опасностите од невнимание зад воланот.

Полициските службеници во Неготино ја реализираа активноста „Кажи не на дрогата“, преку која граѓаните, особено младите, беа информирани за последиците од зависностите и начините за нивно спречување.

Во Македонски Брод, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, се одржа едукативна активност за безбедноста на децата во сообраќајот.

Во Ресен и околните населени места беа организирани предавања за врсничкото насилство и зависностите, наменети за учениците од основните училишта.

Дополнително, претставници на СВР Битола одржаа состанок со претставници на Општина Битола во пресрет на зимската сезона.

Од МВР посочуваат дека ваквите активности имаат цел да придонесат за поголема безбедност, одговорно однесување и навремена превенција на ризичните појави.