ПРВ.мк
Балкан

Нови правила стапуваат на сила за десет дена: Малите бизниси предупредуваат на поскапувања

Нови правила стапуваат на сила за десет дена: Малите бизниси предупредуваат на поскапувања

Во Хрватска расте незадоволството кај малите претприемачи поради новите правила за задолжително истакнување на таканаречените базни или референтни цени, кои треба да започнат да се применуваат за десетина дена.

Според новите прописи, потрошувачите ќе можат да ги споредуваат актуелните цени со оние од 10 септември, со цел да имаат подобар увид во нивното движење.

Сепак, малите претприемачи предупредуваат дека дополнителната администрација, приспособувањето на ценовниците и објавувањето дигитални цени ќе создадат нови трошоци.

Според анализата на здружението „Глас на претприемачите“, дури 49 проценти од анкетираните мали претприемачи планираат да ги зголемат цените поради новите обврски.

Од здружението наведуваат дека 28 проценти од испитаниците размислуваат и за затворање на своите бизниси.

Сопственици на фризерски салони, цвеќарници, работилници и други мали дејности сметаат дека новите правила непотребно ќе им го усложнат работењето.

Од друга страна, хрватскиот министер за економија Анте Шушњар ги отфрла критиките и порачува дека нема да има одложување на примената.

Тој го обвини здружението „Глас на претприемачите“ за политички активизам и ја доведе во прашање веродостојноста на нивната анкета.

„Очекувам забавување на инфлацијата и полесно снаоѓање на купувачите, кои ќе можат да го следат движењето на цените и да одлучат дали ќе купат одреден производ“, изјави Шушњар.

Министерот тврди дека голем број деловни субјекти веќе ги примениле новите правила.

И покрај противењето на дел од претприемачите, хрватската влада останува на одлуката за воведување на новиот систем за прикажување на цените.