Шпанскиот фудбалски клуб Тенерифе донесе емотивна одлука по трагичната смрт на Хесус де Мигел. Клубот најави дека ќе обезбеди финансиска поддршка за неговата ќерка Карла сè до нејзиниот 18-ти роденден.
Де Мигел го загуби животот на само 30 години по судир за време на натпревар, оставајќи ги зад себе сопругата и малата ќерка, која има само една година и четири месеци.
Соочено со тешката семејна трагедија, раководството на Тенерифе одлучи да застане зад семејството на својот трагично починат член и да му помогне на детето во годините што следуваат.
Клубот се обврза да ѝ обезбедува финансиска поддршка на малата Карла во текот на нејзиното растење, сè до полнолетството. Со оваа одлука, Тенерифе сака да му помогне на семејството да се справи со тешкиот период и да ѝ обезбеди поголема сигурност на девојчето додека расте без својот татко.








