ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) УЛИЦИТЕ ГОРАТ, АКТИВИРАНИ ВОДЕНИ ТОПОВИ! Хаос на новиот протест во Тирана, граѓаните бараат помош!

(ФОТО) УЛИЦИТЕ ГОРАТ, АКТИВИРАНИ ВОДЕНИ ТОПОВИ! Хаос на новиот протест во Тирана, граѓаните бараат помош!

Нови тензии го одбележаа студентскиот протест пред Министерството за образование во Тирана, каде што дошло до физичка пресметка откако демонстрантите отстраниле еден граѓанин од собирот поради неговото присуство. За инцидентот објави „Еуроњуз Албанија“.

Ситуацијата се вжештила во моментот кога лицето се приближило до демонстрантите. Дел од присутните почнале да извикуваат „Оди си!“, јасно покажувајќи дека не сакаат тој да биде дел од собирот.

Вербалната расправија набргу прераснала во физички судир, по што граѓанинот бил отстранет од протестот.

Ова не е првпат на студентските протести во Албанија да се појави отпор кон поединци кои се обидуваат да им се приклучат на демонстрантите. Слична реакција имало и минатата сабота, кога други лица се приближиле до собирот, а учесниците инсистирале протестите да продолжат без попречување.

Студентите најавија промена на стратегијата

По повеќе од 150 дена демонстрации, студентското движење во Албанија соопштило дека ја менува стратегијата и најавило организирање два национални протеста неделно.

Според новиот распоред, протестите ќе се одржуваат секоја среда и сабота, со почеток во 14 часот.

Студентското движење најавило дека првиот протест според новиот распоред ќе се одржи токму денеска, пред Министерството за образование во Тирана.

Организаторите наведуваат дека повеќемесечните демонстрации досега не донеле одговор од властите на нивното главно барање – оставка од албанскиот премиер Еди Рама.

Студентите продолжуваат со протестите, а најавената промена на динамиката треба да овозможи редовни национални собири двапати неделно.

Протестите во Тирана во изминатиот период беа проследени и со други инциденти. Во претходните случувања, според објавените информации, биле повредени повеќе од 300 демонстранти и полицајци.

Најнови вести