ПРВ.мк
Балкан

ПОВЕЌЕ ОД 10 ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО ИТНАТА ПОМОШ ПОРАДИ ИСТЕКУВАЊЕ НА НАФТА! Оштетен нафтоводот ЈАНАФ - еве какви симптоми имале граѓаните!

ПОВЕЌЕ ОД 10 ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО ИТНАТА ПОМОШ ПОРАДИ ИСТЕКУВАЊЕ НА НАФТА! Оштетен нафтоводот ЈАНАФ - еве какви симптоми имале граѓаните!

Повеќе од 15 лица побарале медицинска помош во Итната медицинска помош во Нова Градишка, откако дошло до истекување на нафта од нафтоводот на компанијата ЈАНАФ на одморалиштето Драгалиќ, на автопатот А3 во Хрватска. Граѓаните се жалеле на главоболка, отежнато дишење и мачнина. Информацијата ја потврдила градоначалничката на Нова Градишка, Сабина Влаовиќ.

До истекувањето дошло откако бил оштетен нафтоводот на делницата Сисак – Славонски Брод, за време на работите за негова обнова. Според претходното соопштение на ЈАНАФ, дел од работната машина паднал врз цевководот и го оштетил, по што нафтата започнала да истекува во каналот ископан за потребите на градежните активности.

Од компанијата информирале дека истекувањето било брзо запрено со затворање на вентилите и растоварување на дел од трасата. Специјализирани екипи за санација веднаш биле испратени на местото на инцидентот.

ЈАНАФ соопштил и дека, според нивните првични информации, нема опасност за населението ниту за снабдувањето со вода за пиење.

Загадени околу 6.000 квадратни метри земјоделско земјиште

Според информациите од „Хрватски води“, со нафтата биле загадени околу 6.000 квадратни метри земјоделско земјиште, како и приближно 600 квадратни метри од падината и дното на потокот Машиќ.

Од институцијата нагласиле дека досега не е забележано загадување на површинските или подземните води.

Потокот Машиќ во моментов е без вода поради сушниот период, а истекувањето влијаело врз површинскиот слој на вегетацијата и хумусот.

Најавено е преземање превентивни мерки за да се спречи евентуално понатамошно ширење на загадувањето. Меѓу планираните активности е и поставување земјени бариери на водотекот.

Инспекциските служби на терен, чистењето под надзор

На местото на настанот пристигнал и тим од еколошката инспекција при Државниот инспекторат, веднаш откако за инцидентот бил известен Центарот 112.

Од Инспекторатот потврдиле дека се спроведуваат пропишаните мерки за отстранување на загадувањето и санација на погоденото подрачје.

„Целата постапка се спроведува под надзор на тимот од еколошката инспекција при Државниот инспекторат“, соопштиле од институцијата.

Најавено е дека јавноста ќе биде дополнително информирана за деталите откако ќе заврши процесот на чистење.

Иако истекувањето било запрено во краток рок, инцидентот оставил последици врз земјоделското земјиште и околината на потокот Машиќ, додека надлежните служби продолжуваат со активностите за отстранување на загадувањето.

Најнови вести