ПРВ.мк
Свет

ГО ПРАШАЛЕ ПУТИН ШТО БИ СЕ СЛУЧИЛО ВО СЛУЧАЈ НА ВОЈНА МЕЃУ РУСИЈА И ЕВРОПА: Неговиот одговор ЈА ЛЕДИ КРВТА ВО ЖИЛИТЕ

ГО ПРАШАЛЕ ПУТИН ШТО БИ СЕ СЛУЧИЛО ВО СЛУЧАЈ НА ВОЈНА МЕЃУ РУСИЈА И ЕВРОПА: Неговиот одговор ЈА ЛЕДИ КРВТА ВО ЖИЛИТЕ

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека евентуален воен судир меѓу Русија и Европа нема да има победник, предупредувајќи дека доколку ситуацијата ескалира, последиците ќе бидат такви што ниту една страна нема да може да се смета за победник.

Путин ја даде изјавата пред новинарите по завршувањето на самитот Русија-Африка, пренесува агенцијата РИА Новости.

Тој оцени дека лидерите на Европската Унија досега не успеале да постигнат стратешки пораз на Русија, додавајќи дека смета оти малку е веројатно тоа да се случи и до 2030 година.

„Ако работите отидат предалеку, воопшто нема да има победник. Никој да не го заборави тоа“, порача рускиот претседател.

Третиот самит Русија-Африка, заедно со економскиот и хуманитарниот форум во рамките на собирот, се одржа во Москва на 28 и 29 октомври.

Изјавата на Путин доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Москва и европските земји, а неговата порака се однесува на можните последици од евентуална директна воена конфронтација.

Најнови вести