Италијанската полиција запленила 84 килограми кокаин во Неапол, откако дрогата била пронајдена во автомобил во населбата Скампија. Според проценките, запленетата количина на наркотици на уличниот пазар би достигнала вредност од најмалку три милиони евра.
Како што пренесува агенцијата „АднКронос“, дрогата била откриена за време на редовна полициска контрола во населбата Скампија, кога полицајците забележале паркиран автомобил за кој било утврдено дека е украден на 17 октомври.
При претресот на возилото, полициските службеници пронашле две големи кеси во кои имало 71 блок кокаин, спакуван во вакуумски пакувања.
По извршената проверка било утврдено дека вкупната тежина на запленетата дрога изнесува 84 килограми.
Истрагата за случајот е во тек.






