ПРВ.мк
Свет

(ФОТО, ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ СЦЕНИ ПО ОЛУЈНИТЕ ДОЖДОВИ! Илјадници шатори под вода, палестинските семејства останаа во кал и очај

(ФОТО, ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ СЦЕНИ ПО ОЛУЈНИТЕ ДОЖДОВИ! Илјадници шатори под вода, палестинските семејства останаа во кал и очај

Илјадници шатори во кои се сместени раселени Палестинци во Појасот Газа денеска беа поплавени по обилните врнежи од дожд проследени со силно невреме. Цивилната заштита во енклавата соопшти дека за само 10 часа примила околу 1.500 повици за помош.

Според информациите што ги пренесе „Ал Џезира“, дождот започнал рано утринава, а на неколку локации каде што се сместени раселените лица нивото на водата достигнало од 30 до 40 сантиметри.

Портпаролот на Цивилната заштита, Махмуд Басал, изјавил дека неколку прифатни центри биле целосно поплавени, при што најзагрозени се предвремено родените бебиња, постарите лица и болните.

Семејства со натопени душеци и деца боси во калта

Невремето предизвикало сериозни проблеми во импровизираните кампови, каде што раселените семејства се соочиле со навлегување вода во шаторите и поплавување на нивните привремени живеалишта.

Видео-снимките од шаторските населби во градот Газа, Кан Јунис и Деир ел Балах прикажуваат семејства како се движат низ вода до глуждовите, додека душеците и ќебињата им се целосно натопени.

На снимките се гледаат и деца кои боси стојат во барите и калта, обидувајќи се да се справат со последиците од обилните врнежи.

Невремето предизвикало уривање на оштетени објекти

Освен поплавите, невремето предизвикало и уривање на згради кои претходно биле оштетени за време на израелските напади врз Појасот Газа, започнати во октомври 2023 година.

Најголем проблем претставува состојбата на раселените лица кои живеат во шатори и привремени прифатни центри, особено на семејствата со мали деца, болни и постари членови, кои се изложени на дополнителни ризици поради поплавите и ниските температури.

ВИДЕО

Најнови вести