ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Македонски државјанин го загуби животот по директен судир со камион - еве ги првичните информации!

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Македонски државјанин го загуби животот по директен судир со камион - еве ги првичните информации!

Седумдесет и осумгодишниот Исмаил Асаноски, македонски државјанин кој живеел во италијанскиот град Конељано, го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа по директен судир на автомобилот што го управувал со камион натоварен со чакал.

Несреќата се случила на 29 октомври, околу 15:40 часот, на улицата Страдонели во Сусегана, во италијанската провинција Тревизо, во близина на центар за собирање отпад.

Асаноски управувал со автомобил „Шкода Кодијак“ и се движел во правец кон Санта Лучија ди Пјаве. Според првичните информации, постои можност на 78-годишниот возач ненадејно да му се слошило, по што ја изгубил контролата над возилото, преминал на спротивната коловозна лента и директно се судрил со камионот. Сепак, оваа верзија засега не е официјално потврдена.

Од силата на ударот, предниот дел на автомобилот бил целосно уништен, а возачот останал заробен во возилото. Камионот го управувал 61-годишен маж, кој поминал без повреди. Тој веднаш повикал помош и се обидел да му помогне на повредениот.

На местото на несреќата пристигнале противпожарни екипи, медицински тимови и медицински хеликоптер. Спасувачите успеале да го извлечат Асаноски од автомобилот, но и покрај обидите за реанимација, лекарите не успеале да му го спасат животот и ја констатирале неговата смрт.

Зад себе оставил сопруга и три деца

Веста за неговата смрт предизвикала голема тага кај семејството и во локалната заедница. Асаноски зад себе оставил сопруга и три деца, кои се занимаваат со градежништво и се сопственици на компанијата „Биг Коструциони“ во Понте дела Приула.

Од него се простил и имамот на Исламскиот културен центар „Еманет“ во Сусегана, кој Асаноски редовно го посетувал.

Имамот го опишал како добар и великодушен човек, секогаш подготвен да им помогне на оние на кои им е потребна поддршка. Според неговите зборови, Асаноски заедно со своите синови им помагал на луѓето кои се соочувале со тешки животни ситуации.

Италијанската полиција продолжува со истрагата за утврдување на сите околности под кои се случила трагичната несреќа.

Најнови вести