ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ФАТЕНИ НА ДЕЛО ПРИ ТРГОВИЈА СО НАРКОТИЦИ ВО ВЕЛЕС! Полицијата приведе двајца мажи - еве што се запленија по претресот!

(ФОТО) ФАТЕНИ НА ДЕЛО ПРИ ТРГОВИЈА СО НАРКОТИЦИ ВО ВЕЛЕС! Полицијата приведе двајца мажи - еве што се запленија по претресот!

Двајца велешани на возраст од 36 и 26 години биле лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла марихуана, таблети и дигитална вага.

Како што информираат од МВР, на 6 ноември 2026 година, околу 22:30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги привеле Д. Т. (36) и Ј. А. (26), двајцата од Велес. Споменатите предмети биле пронајдени и одземени во нивна близина, откако претходно еден од нив ги оставил на тоа место.

Претрес во домот на едно од лицата

Следниот ден, на 7 ноември, по добиена наредба од Основниот суд во Велес, полициските службеници извршиле претрес во домот на Д. Т. При претресот биле пронајдени и одземени пари.

Двете лица биле задржани во полициска станица, а за случајот бил известен и надлежниот јавен обвинител.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести