ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА ГО СЛЕДЕЛА ПО ОПЕРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ! Скопјанец фатен при подигање сомнителна материја - МВР со детали!

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА ГО СЛЕДЕЛА ПО ОПЕРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ! Скопјанец фатен при подигање сомнителна материја - МВР со детали!

На 6 ноември 2026 година, околу 20:30 часот, во Скопје бил приведен 39-годишен маж поради сомнение за сторено кривично дело поврзано со недозволена трговија со дрога.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, забележале патничко возило „Мазда 3“ со скопски регистарски ознаки.

Од возилото излегло лицето кое го управувало, по што подигнало непозната растителна материја оставена покрај електричен столб.

Полициските службеници веднаш му пристапиле, а С. Б. (39) бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело според член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести