ПРВ.мк
Република

(ФОТО + ВИДЕО) ЈАНЧЕВ ГИ СОСЛУША БАРАЊАТА НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ! Нивните предлози ќе бидат дел од плановите за Кавадарци во 2027 година - ова се нивните барања!

(ФОТО + ВИДЕО) ЈАНЧЕВ ГИ СОСЛУША БАРАЊАТА НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ! Нивните предлози ќе бидат дел од плановите за Кавадарци во 2027 година - ова се нивните барања!

Со посетите на Дреново и Возарци завршија средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници на територијата на Кавадарци.

Последните разговори на терен беа посветени на потребите на жителите од овие две населени места, нивните предлози, идеи и конкретни иницијативи за подобрување на условите за секојдневен живот.

Со завршувањето на посетите, како што информираат од Општината, е добиен појасен преглед на приоритетите во сите урбани и месни заедници. Изнесените барања и предлози ќе бидат земени предвид при подготовката на Програмата за работа за 2027 година.

Од Општината порачуваат дека остануваат посветени на развој заснован на јасна визија, конкретни планови и рамноправен пристап кон секое населено место.

„Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните“, е пораката со која се заокружува циклусот средби.

Најнови вести