Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот ја очекува гостински натпревар против Грција, на кој ќе се обиде да стигне до втората победа во квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе играат пред исполнети трибини, против домаќин кој ќе има силна мотивација да се претстави во подобро светло. Грција во првото коло претрпе пораз од Шведска, додека Македонија ќе се обиде да го задржи позитивниот ритам и да продолжи со победничкиот старт на квалификациите.
Најискусниот македонски репрезентативец, Никола Костески, очекува тежок дуел и предупредува дека тимот ќе мора да ја задржи концентрацијата на највисоко ниво во сите 60 минути.
„Добро ги анализиравме. Имаат квалитетна бековска линија, но ние сме Македонија, имаме спој на млад и искусен тим и со години настапуваме на големите натпреварувања. Мораме да бидеме фокусирани од првата до последната минута и да им покажеме кои сме“, изјави Костески.
Тој посочи дека одбраната ќе има особено значајна улога во обидот на Македонија да стигне до посакуваниот резултат. Според него, стабилната игра во дефанзивата може да отвори простор за полесно постигнување голови и да ја олесни задачата на македонскиот состав.
„Најважно за нас е да се фокусираме на одбраната. Доколку бидеме на високо ниво во дефанзивата од првата до последната минута, ќе следат и голови на спротивната страна, со што значително ќе си ја олесниме задачата“, порача македонскиот ракометар.









