ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ПРИЛЕП–ГРАДСКО! Камион „МАН“ удрил во метална ограда - ова е состојбата на возачот!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ПРИЛЕП–ГРАДСКО! Камион „МАН“ удрил во метална ограда - ова е состојбата на возачот!

На експресниот пат Прилеп – Градско се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 38-годишен возач, откако со влечно возило со приколка удрил во металната заштитна ограда.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 6 ноември 2026 година, во 20:40 часот, во ОВР Кавадарци. Во инцидентот учествувало влечно возило „МАН“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (38) од селото Стојаково, општина Богданци.

При ударот во металната еластична ограда, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Најнови вести