Повеќе делови од Скопје утре, 9 ноември (понеделник), ќе бидат без електрична енергија поради најавени плански зафати и одржување на електродистрибутивната мрежа. Прекини се предвидени во четири општини: Чаир, Карпош, Гази Баба и Илинден.
Во општина Илинден, од 8:30 до 11:15 часот, прекин ќе има за корисниците во дел од Белимбегово, во близина на мостот. Причината се планираните активности во трафостаницата „Белимбегово 6“, каде што ќе се врши чистење, долевање масло во каблите и проверка на електроенергетската опрема.
Во Чаир, од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците на улиците „Струмичка“, „Ќемал Сејфула“ и „Вуковарска“. Зафатите ќе се изведуваат во трафостаницата „Чаир 10“.
Дополнителен прекин во истата општина е најавен од 12:00 до 15:00 часот. Тој ќе опфати делови од улиците „Крсте Асенов“ и „Емин Дураку“, поради планирани технички активности во трафостаницата „Чаир 16“.
Во општина Карпош, од 9:00 до 11:00 часот, електрична енергија нема да имаат дел од корисниците на улиците „Леринска“ и „Багдадска“.
Прекин е предвиден и во Гази Баба, каде што од 11:45 до 15:00 часот без струја ќе биде дел од селото Јурумлери. Работите ќе се изведуваат во трафостаниците „Јурумлери 9“ и „Јурумлери 10“, а ќе опфатат чистење, проверка на опремата и одржување на трансформаторите и каблите.
Сите прекини се однапред планирани и ќе се реализираат во наведените временски интервали, во рамки на редовните активности за одржување на електродистрибутивната мрежа.






