Жителите на населбата Драчево ќе се соочат со прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект на водоводната мрежа.
Според известувањето, на 7 ноември 2026 година е пријавен дефект на водоводна цевка со профил Ф 150 милиметри, на улицата Драчевска, кај број 68.
Поради изведување на работите за отстранување на дефектот, прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците од населбата Драчево, почнувајќи од 10:30 часот.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на работните активности.






