Жителите на неколку населени места во општина Студеничани утре ќе останат без електрична енергија повеќе од шест часа поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.
Според известувањето од „Електродистрибуција“, прекинот е најавен за сабота, 7 ноември 2026 година, во периодот од 08:30 до 15:00 часот.
Причината за прекинот се планирани технички активности и реконструкција на среднонапонскиот далекувод на делницата меѓу селата Пагаруша и Вртекица.
Во наведениот временски период без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од селата Вртекица, Рамни Габер и Пагаруша, како и жителите на Долното Маало во селото Долно Количани.







