Познатиот македонски бизнисмен Зоран Азманов, претседател на Надзорниот одбор и директор на градежната компанија „Настел“ ДООЕЛ Скопје, утрово бил физички нападнат во Основниот граѓански суд во Скопје.
Според информациите објавени од „Скопје1“, инцидентот се случил за време на судско рочиште. Засега не се познати причините што довеле до физичкиот напад, ниту дали Азманов се здобил со повреди и, доколку ги има, од каков карактер се тие.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдиле случајот, наведувајќи дека пријавата била поднесена утрово.
„Пријавено е дека во Основен граѓански суд З.А. (67) бил физички нападнат од Ѓ.С. (61). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштиле од МВР за „Скопје1“.
Засега нема дополнителни информации за околностите под кои се случил инцидентот, ниту што му претходело на нападот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.








