ПРВ.мк
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е КЛУЧЕН ПАРТНЕР ВО БЕЗБЕДНОСТА НА ЕУ: Порака од Министерскиот форум за правда и внатрешни работи во Будва!

МАКЕДОНИЈА Е КЛУЧЕН ПАРТНЕР ВО БЕЗБЕДНОСТА НА ЕУ: Порака од Министерскиот форум за правда и внатрешни работи во Будва!

На Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржува вчера и денеска во Будва, беше истакната исклучително важната улога на Македонија во зачувувањето на заедничката европска безбедност.

Во фокусот на обраќањата и дискусиите беа справувањето со илегалната миграција, заштитата на границите и борбата против организираниот криминал, но и новите безбедносни предизвици што ги носат брзата дигитализација и злоупотребата на вештачката интелигенција.

„Македонија не чека да стане членка на Европската Унија за да придонесува кон европската безбедност. Преку конкретни резултати, заеднички операции со Фронтекс и соработка со европските агенции, веќе преземаме значаен дел од заедничката одговорност“, беше порачано на форумот.

На маргините од овој значаен регионален собир беше остварена и билатерална средба со Нина Грегори, извршна директорка на Агенцијата на Европската Унија за азил (EUAA). На средбата се разговараше за дополнително продлабочување на соработката, јакнење на институционалните капацитети и понатамошно усогласување на националниот систем за азил со високите европски стандарди.

Европската безбедност не завршува на надворешните граници на Европската Унија, а Македонија тоа го докажува секојдневно со конкретни резултати на терен. Затоа, македонскиот придонес треба да биде соодветно препознаен и поддржан како директна инвестиција во заедничката безбедност на целиот континент.

Најнови вести