ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ 12 ВОЗАЧИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Осум возеле без дозвола, други биле пијани или со забрана!

ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ 12 ВОЗАЧИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Осум возеле без дозвола, други биле пијани или со забрана!

Дванаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, дури осум од приведените управувале возило без воопшто да имаат положено возачки испит.

Станува збор за М.Д. (22), Д.М.М. (41), М.К. (36) од скопското село Кучевиште, М.С. (27) од Арачиново, А.Д. (20) од тетовското село Озормиште, Е.А. (19) од кумановското село Романовце, Д.К. (51) од Прилеп и Ф.А. (18) од струшкото село Радилишта.

Покрај нив, двајца возачи биле затекнати како управуваат автомобил под дејство на алкохол. Станува збор за З.Р. (43) од Скопје и С.Н. (56) од Охрид.

Уште двајца возачи седнале зад воланот и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. Едниот е В.Т. (45) од струшкото село Калишта, а другиот В.М. (27) од Куманово, кој истовремено бил и под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат активна забрана или ако се под дејство на алкохол.

Одговорното однесување на патиштата е од особено значење за спречување на сообраќајните несреќи, заштита на човечките животи и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Најнови вести