ПРВ.мк
Скопје

Во Скопје пронајдени 32 пакетчиња кокаин: Возачот имал и активна забрана за управување возило

Во Скопје пронајдени 32 пакетчиња кокаин: Возачот имал и активна забрана за управување возило

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишниот Б.Ч. од Скопје, откако при полициска контрола во општина Аеродром кај него биле пронајдени 32 пакетчиња кокаин, нож и пари.

Според информациите од полицијата, осомничениот бил запрен додека управувал патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки.

При извршената контрола било утврдено дека 30-годишникот управувал автомобил и покрај активната забрана за возење.

Во текот на прегледот, полициските службеници пронашле и одзеле 32 пакетчиња со кокаин, нож и парични средства.

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, согласно член 215 од Кривичниот законик.

Случајот е доставен на понатамошно постапување до надлежните органи.