ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ: Се истражуваат изнуди, лихварство и перење пари

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ: Се истражуваат изнуди, лихварство и перење пари

Во голема полициска акција против организиран криминал, која денеска се спроведува во Куманово, приведен е Драган Петровски, познат по прекарот Штука, објави ТВ21.

Според објавените информации, Петровски е осомничен дека бил организатор на криминална група која подолг период дејствувала на подрачјето на Куманово.

Во акцијата учествуваат припадници на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност.

Полициски службеници вршат претреси на повеќе локации во градот, а истрагата е насочена кон сомневања за изнуда, лихварство, перење пари и други криминални активности.

Според досегашните информации, групата наводно користела закани, насилство и уцени за стекнување противправна материјална корист.

Во рамки на акцијата се проверуваат и нотарска канцеларија и менувачница, за кои се испитува евентуална поврзаност со осомничените.

Неофицијално, при претресите биле пронајдени пари, возила и документација, кои ќе бидат предмет на дополнителни проверки.

Акцијата се спроведува во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Од надлежните институции се очекуваат официјални информации за бројот на приведени лица, одземените предмети и конкретните кривични дела за кои се води истрагата.