ПРВ.мк
Балкан

МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН: 36-годишник осомничен дека му ја загрозил сигурноста!

МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН: 36-годишник осомничен дека му ја загрозил сигурноста!

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи во Ниш, по налог на Основното јавно обвинителство во овој град, ќе поднесат кривична пријава против 36-годишниот С. В. поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело загрозување на сигурноста.

Според полициските информации, осомничениот на 25 октомври, во вечерните часови, телефонски го контактирал и му се заканувал на градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловић, со што му ја загрозил сигурноста.

По преземените мерки и истражни дејства, полицијата брзо го идентификувала сторителот, а кривичната пријава за загрозување на сигурноста ќе биде поднесена во редовна постапка по насоки на надлежното обвинителство.

Најнови вести