Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди бреговата линија на јапонскиот регион Канто, а подмерниот потрес се почувствувал сè до главниот град Токио.
Според првичните информации од надлежните служби, за среќа, засега не е пријавена материјална штета и не е издадено предупредување за цунами.
Земјотресот бил регистриран во 19:39 часот по локално време во морето источно од регионот Канто, на длабочина од околу 10 километри под површината, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Според податоците на Американскиот геолошки завод (USGS), епицентарот се наоѓал на околу 200 километри источно од градот Чиба.
Потресот бил со интензитет од три степени според јапонската скала за сеизмички интензитет (која се движи од 0 до 7), што значи дека речиси сите во затворени простории го почувствувале тресењето.







