ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ПОЧИНА ПОЗНАТАТА АКТЕРКА: Глумеше во серија што беше хит во Македонија!

(ФОТО) ПОЧИНА ПОЗНАТАТА АКТЕРКА: Глумеше во серија што беше хит во Македонија!

Американската актерка, модел и продуцентка Кимари Џонсон почина на 50-годишна возраст во Лос Анџелес. Публиката во Македонија најмногу ја памети по нејзиното појавување во популарната серија „Беверли Хилс 90210“, која своевремено беше голем телевизиски хит.

Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината внука Ронда Скот, која откри дека актерката на 27 октомври ненадејно доживеала тежок срцев удар во својот дом.

По настанот, Џонсон веднаш била пренесена во болницата „Сидарс-Синај“ во Лос Анџелес. Таму лекарите ѝ дијагностицирале аневризма на срцето. И покрај неколкудневната борба за нејзиниот живот, актерката починала од срцев застој.

Кимари Џонсон за првпат се појавила на телевизија во 1998 година, токму во серијата „Беверли Хилс 90210“, каде што го толкувала ликот на Џејн. Оваа улога ѝ донела препознатливост, но не била единствениот значаен ангажман во нејзината кариера.

Таа настапила и во комедијата „Dude, Where’s My Car?“, во која главната улога ја имаше Ештон Кучер, како и во серијата „V.I.P.“, каде што играше покрај Памела Андерсон. Дел од нејзината филмографија е и серијата „Wanda at Large“.

Освен во актерството, Џонсон оставила свој белег и во модната и козметичката индустрија. Таа ја основала сопствената линија производи за нега на кожа „SkinGlow by Kimmarie“, а работела и како моден уредник и продуцент.

Нејзиното последно појавување на црвениот тепих било во април годинава, на премиерата на филмот „Мајкл“ во Лос Анџелес.

Зад себе го остави синот Камерон Нино, кој се занимава со музика.