ПРВ.мк
Црна Хроника

УЦЕНА СО ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ: Барал пари и сексуални услуги за да не ги испрати до нејзиното семејство!

УЦЕНА СО ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ: Барал пари и сексуални услуги за да не ги испрати до нејзиното семејство!

Триесет и шестгодишен скопјанец бил приведен откако 29-годишна жена го пријавила дека ја уценувал со фотографии со експлицитна содржина, заканувајќи се дека ќе ги испрати до членовите на нејзиното семејство доколку не му даде пари и не прифати да има сексуални односи со него.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Љ.С. (36) бил лишен од слобода вчера во 9:50 часот, во Полициската станица Кисела Вода.

Приведувањето следувало по пријава од 29-годишната жена, која навела дека скопјанецот ѝ се заканувал дека ќе ги сподели нејзините фотографии со експлицитна содржина со нејзините блиски доколку не ги исполни неговите барања.

Според пријавата, тој од неа барал пари, но и да има сексуални односи со него, користејќи ги фотографиите како средство за притисок и уцена.

Од МВР соопштуваат дека случајот се документира и дека по завршувањето на постапката ќе следува соодветен поднесок.