Четириесет и шестгодишна жена од Скопје била приведена синоќа во скопската општина Карпош, откако нејзиниот поранешен сопруг пријавил дека физички ја нападнала нивната малолетна ќерка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека жената со иницијали К.С.Г. (46) била лишена од слобода во 20 часот од страна на полициски службеници на СВР Скопје.
Пријавата ја поднел нејзиниот 47-годишен поранешен сопруг, кој ги известил надлежните дека жената физички ја нападнала нивната малолетна ќерка.
Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






