ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Прегазен пешак!

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Прегазен пешак!

Шеесет и осумгодишен скопјанец бил тешко повреден откако во него удрило товарно возило на улицата „Дижонска“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера попладне, а во 15 часот била пријавена во СВР Скопје.

Во сообраќајната незгода учествувале Б.Л. (36) од Скопје, кој управувал товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, и пешакот Л.М. (68), исто така од Скопје. Возачот со возилото удрил во пешакот, кој се здобил со тешки телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а околностите под кои се случил настанот се утврдуваат.