ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) 84 ЧАСА БЕЗ СОН, ЕКСПЕРИМЕНТ КОЈ СЕ ПРЕТВОРИЛ ВО ХОРОР: Почнал да гледа суштества што не постоеле!

(ВИДЕО) 84 ЧАСА БЕЗ СОН, ЕКСПЕРИМЕНТ КОЈ СЕ ПРЕТВОРИЛ ВО ХОРОР: Почнал да гледа суштества што не постоеле!

Американскиот јутјубер Лук Џеј решил да направи необичен експеримент – да остане буден цели 84 часа и да забележи како продолжениот недостаток на сон ќе влијае врз неговото тело и мозок. Но, она што започнало како предизвик за тестирање на сопствената издржливост, набрзо се претворило во искуство кое воопшто не го очекувал.

Тој го документирал целиот процес и го објавил на Јутјуб, откривајќи низ какви промени поминувал додека се обидувал да остане буден. По неколку дена без сон, почнал да доживува халуцинации, да ја губи претставата за времето и да чувствува сè посилни физички тегоби.

Почнал да гледа нешта што ги немало пред него

Едни од најнеобичните моменти се случиле кога Лук помислил дека гледа огромен инсект, иако пред него немало ништо. Во друга ситуација, бил убеден дека на неговиот кауч седи жена, но и таа била само халуцинација.

Покрај овие доживувања, почнал сè потешко да разликува што навистина се случило, а што само си замислил. Му се нарушило и чувството за време, па постепено престанал да размислува за часовите и деновите, а главната преокупација му станало да остане буден.

До средината на четвртиот ден се појавиле и физички проблеми. Почнале да го болат мускулите, како и целото тело, а непријатното чувство го споредил со последиците од исклучително напорен физички тренинг.

Што може да му се случи на организмот по 72 часа без сон?

Продолженото лишување од сон може сериозно да влијае врз физичкото и психичкото функционирање на човекот. По 72 часа без спиење можат да се појават значителни промени во расположението, проблеми со размислувањето и концентрацијата, раздразливост, анксиозност, па дури и халуцинации.

Недостатокот на сон влијае и врз имунолошкиот систем, ја намалува способноста на организмот да се справува со инфекции и може да го отежне закрепнувањето.

Поради сериозните здравствени ризици, Гинисовата книга на рекорди веќе не ги следи обидите за поставување рекорди во неспиење.

Планирал да издржи седум дена, но морал да се откаже

Интересно е што првичниот план на Лук бил да остане буден дури седум дена. Сепак, откако се запознал со можните последици од ваквиот експеримент, одлучил да постави граница од 84 часа.

До завршувањето на предизвикот веќе имал халуцинации и сериозни проблеми со нормалното движење, поради што сфатил дека мора да прекине.

Непријатностите не исчезнале веднаш по завршувањето на експериментот. Јутјуберот открил дека и неколку недели подоцна имал проблеми со заспивањето. Кога конечно ќе успеел да заспие, спиел значително подолго и поцврсто од вообичаено.

На крајот, неговата порака е дека ваквите предизвици не вредат да се ризикува здравјето. Продолженото неспиење не е безопасен тест на издржливост, туку сериозен ризик за организмот.

ВИДЕО