Поранешната ријалити-учесничка Александра Николиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со емотивна објава на својот Инстаграм-профил, во период кога нејзиниот поранешен партнер Филип Цар престојува во ријалити-програмата „Елита 10“.
Александра, која денес најголемиот дел од времето го посветува на воспитувањето на нивната ќерка Леона, сподели цитат што предизвика бројни реакции и коментари.
„По сè што си поминала, не очекувај од себе да бидеш иста како претходно“, гласи пораката што ја објавила, придружена со емотивна музика.
Нејзините следбеници веднаш започнале да шпекулираат дали објавата е поврзана со турбулентниот однос со Филип Цар и искуствата од минатото.
Сепак, Александра не открила кому му е наменета пораката.
„Моето место повеќе не е во ријалити, јас сум мајка“
Во неодамнешен разговор со следбениците, Николиќ објаснила дека нејзините животни приоритети целосно се промениле откако станала мајка.
„Моето место не е во ријалити, бидејќи јас сум мајка и имам ќеркичка која е центарот на мојот свет“, изјавила Александра.
Таа открила дека шест месеци била повлечена од јавноста, бидејќи ѝ бил потребен мир.
„Се случија многу работи, но некои не можам да ги споделам. Сега поинаку гледам на животот и конечно ги сфатив вистинските вредности. Знам што ми треба, а што не“, истакнала таа.
Не размислува за враќање во ријалити
На прашањето дали повторно би учествувала во ријалити-програма, Александра била категорична.
„Навистина не ме интересира. Сега водам сосема поинаков живот и не можам да се замислам повторно таму“, порачала таа.
Николиќ се осврнала и на естетските корекции, признавајќи дека денес има поинаков став кон филерите.
На крајот нагласила дека најважно ѝ е што успеала да пронајде внатрешен мир и дека е задоволна од својот сегашен живот.








