ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО ЕГИПЕТ, ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАГИНАА, ОВА Е БРОЈОТ НА ПОВРЕДЕНИ! Вагони излетале од шините, сите итни служби се на терен

(ВИДЕО) СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО ЕГИПЕТ, ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАГИНАА, ОВА Е БРОЈОТ НА ПОВРЕДЕНИ! Вагони излетале од шините, сите итни служби се на терен

Најмалку четири лица загинале, а 88 биле повредени во тешка железничка несреќа што се случила во близина на селото Герза, во египетската покраина Гиза, недалеку од Каиро. Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините по судир со друг воз, соопштило египетското Министерство за здравство.

Првичните извештаи на локалните медиуми наведувале различен број повредени. Се споменувале околу 120 лица, а некои медиуми објавиле дека бројката надминува 150. Најновиот официјален биланс на Министерството за здравство изнесува 88 повредени.

Веднаш по несреќата биле испратени екипи на итната медицинска помош, цивилната заштита и безбедносните служби. На местото на настанот пристигнале вкупно 50 амбулантни возила. Министерството првично испратило 20 возила, но нивниот број бил зголемен откако станало јасно дека има повеќе повредени од првичните процени.

Повредените биле пренесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека здравствените установи во Гиза биле ставени во состојба на готовност за прием на дополнителни пациенти. Според претходните информации на „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите.

Покрената истрага за причините за несреќата

Египетското обвинителство отворило истрага за утврдување на причините и околностите под кои дошло до судирот. На полицијата ѝ било наложено да ги спроведе потребните проверки и да ги испита сведоците и повредените патници.

Екипите за вонредни ситуации користеле кранови за отстранување на остатоците од оштетените вагони. Железничкиот сообраќај во регионот и натаму бил во прекин.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси соопштил дека со голема загриженост ја следи ситуацијата и побарал итна истрага. Тој нагласил дека одговорност ќе сносат сите за кои ќе се утврди дека постапиле несовесно.

Причините за железничката несреќа сè уште се утврдуваат.

ВИДЕО

Најнови вести