ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА СРЕДЕ УЛИЦА: Со „џип“ удрил пешак на тротоар, па тргнал и физички да се пресмета со него!

ДРАМА СРЕДЕ УЛИЦА: Со „џип“ удрил пешак на тротоар, па тргнал и физички да се пресмета со него!

Вистински инцидент се случил во тетовска Мала Речица, откако 29-годишен пешак пријавил дека бил удрен со возило додека се движел по тротоар, а потоа возачот се обидел и физички да го нападне.

Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 19 мај околу 13:40 часот.

Пријавата ја поднел А.Р. од тетовското село Бозовце, кој изјавил дека додека се движел по улицата „Љуботенска“ во Мала Речица, кон него со голема брзина се упатило патничко возило „џип“ со тетовски регистарски таблички.

Возилото, според пријавеното, го управувал 60-годишниот М.Н. од Мала Речица, кој со автомобилот го удрил пешакот во левата рака и левата нога.

Но, инцидентот не завршил тука.

Според тврдењата на оштетениот, по ударот возачот излегол од возилото и тргнал кон него со намера физички да го нападне. Во страв за сопствената безбедност, пешакот успеал да побегне од местото и веднаш побарал лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Најнови вести