ПРВ.мк
Свет

„ВЕДНАШ ТРГНЕТЕ СЕ!“ Драматично предупредување во земја од ЕУ: Подигнати се авиони на НАТО, евакуирани претседателот и премиерката, затворен воздушниот простор!

„ВЕДНАШ ТРГНЕТЕ СЕ!“ Драматично предупредување во земја од ЕУ: Подигнати се авиони на НАТО, евакуирани претседателот и премиерката, затворен воздушниот простор!

НАТО ловци за контрола на воздушниот простор беа подигнати во воздух откако денеска во близина на литванската граница беше откриен „радарски сигнал“ со карактеристики типични за беспилотни летала, соопшти литванската војска.

Националниот центар за управување со кризи информираше дека е прогласена воздушна опасност за населението во повеќе окрузи, меѓу кои е и Вилнус, пренесува литванскиот портал „Делфи“.

Властите во Игналинскиот округ ги повикаа учениците и наставниците во регионот да се засолнат, а вработените во институциите да заминат на безбедни места и да ги чекаат понатамошните упатства.

„Веднаш тргнете се на безбедно место, штитете се едни со други и чекајте понатамошни упатства“, соопшти литванската војска во апелот упатен до жителите на главниот град на Литванија.

Нападот е веројатен

Издадено е жолто ниво на предупредување, што значи дека нападот е веројатен, но сè уште не е во тек.

Покрај тоа, од 10 часот по локално време, воздушниот простор над аеродромот во Вилнус и неговата околина ќе биде затворен до понатамошно известување. Литванската војска, исто така, советува веднаш да се побрза во засолниште или на безбедно место, пренесува „Делфи“.

Евакуирани претседателот, премиерката и пратениците

Предупредување беше издадено и во зградата на литванскиот парламент, каде што преку разглас беше емитувана порака поради пријавениот упад во воздушниот простор: „Поради ризик од воздушен напад, ги замолуваме сите лица во зградата да се упатат кон најблиското засолниште“, гласеше пораката.

Претседателот Гитанас Науседа, премиерката Инга Ругиниене и членовите на литванскиот парламент се евакуирани и преместени во засолништа, потврдија нивните канцеларии за новинската агенција БНС (BNS).

Литванскиот Национален центар за управување со кризи претходно соопшти дека узбуната е прогласена откако во соседна Белорусија бил забележан дрон кој летал кон Литванија, со напомена дека неговото потекло сè уште не е потврдено.

Најнови вести