ПРВ.мк
Скопје

ЕВН СО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ќе нема струја седум часа - проверете дали сте на списокот!

ЕВН СО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ќе нема струја седум часа - проверете дали сте на списокот!

Жителите на неколку скопски населби денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, информираат надлежните служби.

Според најавите, најдолг прекин ќе има во општина Шуто Оризари, каде дел од граѓаните ќе бидат без струја дури седум часа. Од 8:00 до 15:00 часот електрична енергија нема да има на улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“, „Демирхисарска“, како и на улица „Индира Ганди“ број 31.

Дополнителни исклучувања се планирани и во општина Сопиште. Таму, во периодот од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците на улица „4“ и улица „8“ во селото Горно Соње.

Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје појаснуваат дека прекините се резултат на планирани интервенции и работи што ги изведуваат екипите на ЕВН со цел подобрување и одржување на електродистрибутивната мрежа.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите дневни активности поради привремените прекини во снабдувањето со електрична енергија.