ПРВ.мк
Скопје

ПОДДРШКА ЗА НАЈДОБРИТЕ: Општина Бутел распиша јавен повик за доделување на спортски стипендии

ПОДДРШКА ЗА НАЈДОБРИТЕ: Општина Бутел распиша јавен повик за доделување на спортски стипендии

Општина Бутел, која важи за една од најспортските општини со потврдени врвни резултати, продолжува со силна поддршка за своите спортски таленти и надежи. Денес официјално е распишан Јавниот повик за доделување на спортски стипендии за најуспешните спортисти во општината.

За оваа намена локалната самоуправа одвојува рекорден буџет, а јавниот повик ќе биде отворен во наредниот период за сите кои ги исполнуваат условите. Согласно Правилникот, главен критериум при изборот ќе бидат постигнатите спортски резултати, а за транспарентноста на целиот процес ќе одлучува посебна комисија составена од претставници на општинската администрација.

Општина Бутел во овој повик ќе додели стипендии поделени во шест категории:

  • Прва категорија: Стипендија во износ од 12.000 денари месечно, во времетраење од една година.
  • Втора категорија: Стипендија во износ од 8.000 денари месечно, во времетраење од една година.
  • Трета категорија: Стипендија во износ од 5.000 денари месечно, во времетраење од една година.
  • Четврта категорија: Еднократна парична поддршка во износ од 24.000 денари.
  • Петта категорија: Еднократна парична поддршка во износ од 10.000 денари.
  • Шеста категорија: Еднократна париčna поддршка во износ од 6.000 денари.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати потребните документи треба да ги достават до архивата на Општина Бутел, со назнака: “Повик за доделување на спортski стипендии на спортисти на општина Бутел”.

Сите детални услови, критериуми и потребни документи за доделување на стипендиите се детално образложени во Правилникот и Јавниот повик, кои можат да се погледнат на официјалната веб-страница на општината.

Најнови вести