ПРВ.мк
Скопје

(ВИДЕО)Бутел без отпад: Погледнете што се случи со депонијата!

(ВИДЕО)Бутел без отпад: Погледнете што се случи со депонијата!
Kristal

Во скопската општина Бутел е исчистена голема дива депонија на самиот влез во населеното место Кучевишка Бара, која со години претставувала еколошки проблем и извор на загадување.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, изјави дека ова е дел од континуираната акција за расчистување на сите диви депонии на територијата на општината.

„Продолжуваме со чистење на сите локации каде што е потребно. Исчистена е уште една голема депонија на влезот во Кучевишка Бара. Нашата цел е Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наши партнери во одржувањето на хигиената. Граѓаните на општина Бутел заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина“, порача Костовски, кој сподели и видео од теренот.

Со оваа акција, Општина Бутел испраќа порака дека борбата против дивите депонии ќе продолжи и во наредниот период, со цел трајно решавање на проблемот со отпадот и создавање почиста животна средина за сите жители.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Escape