ПРВ.мк
Скопје

Историски ден за главниот град: Новиот Совет на Скопје ја одржа првата седница – Ѓорѓиевски повика на единство и работа

Историски ден за главниот град: Новиот Совет на Скопје ја одржа првата седница – Ѓорѓиевски повика на единство и работа
Kristal

Денеска официјално беше одржана првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје, на која новоизбраните советници ги зазедоа своите места и ја започнаа четиригодишната мисија во која ќе ги носат клучните одлуки за функционирањето и развојот на главниот град.

Со 23 гласа „за“, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на локалните избори, Даме Димитровски, беше избран за претседател на Советот на Град Скопје.

Во своето прво обраќање, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека новиот состав на Советот има историска одговорност и дека од него зависи насоката по која ќе се движи Скопје во наредните години.

„Овој Совет, избран со доверба од граѓаните, има историска задача да го насочи Скопје кон стабилен, функционален и одржлив развој. Кога политиката ќе ги стави интересите на граѓаните пред сè, резултатите се видливи, конкретни и трајни. Немаме време за експерименти – мораме сите заедно да се зафатиме за работа, и тоа веднаш,“ порача Ѓорѓиевски.

Паралелно со почетокот на работата на Советот, започна и големата акција за чистење на градот – „72 часа чисто Скопје“, која беше едно од главните предизборни ветувања на новоизбраниот градоначалник. Акцијата, според Ѓорѓиевски, претставува првиот чекор кон враќање на достоинствениот и уреден изглед на главниот град.

Телевизија 24 денеска направи обиколка низ неколку општини во Скопје и забележа дека дел од контејнерите се веќе исчистени, додека други сè уште се преполни со отпад.

Мислењата на граѓаните се поделени. Едни сметаат дека оваа акција е потребна и корисна за градот: „Се надеваме дека по толку гомила смет и нечистотија, конечно ќе тргнеме на подобро,“ вели еден скопјанец.

Други, пак, се скептични и сметаат дека акцијата има политичка позадина: „Сè е наместено и смислено уште од пред изборите. Ова е ПР потег, ништо повеќе,“ коментира друг граѓанин.

Сепак, дел од скопјани веруваат дека ваквите активности се неопходни и дека претставуваат дел од одговорното управување со градот: „Ова не е само маркетинг, туку обврска и начин на владеење,“ велат тие.

Акцијата „72 часа чисто Скопје“ започна од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде беа ангажирани десетици камиони, цистерни и екипи од повеќе јавни претпријатија. Целта е да се постави нов стандард во одржувањето на хигиената и уредноста на градот, како симболичен почеток на новиот мандат на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и неговиот тим.

Escape