ПРВ.мк
Скопје

Огнена ноќ-пожарот се шири, теренот непристапен!

Огнена ноќ-пожарот се шири, теренот непристапен!
Kristal

Во пределот над селото Арнакија, во рамки на Општина Сарај, вечерва е регистриран шумски пожар на тешко достапен и непристапен терен, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според првичните информации, пожарот се шири на поширока површина, а пристапот до огништето е отежнат поради конфигурацијата на теренот и недостапноста за возила. Екипите на терен се обидуваат да интервенираат, но условите се исклучително сложени, особено поради ветерот кој го поттикнува ширењето на пламените јазици.

ЦУК соопшти дека се следи состојбата одблиску, а во тек се координации со надлежните служби за да се ангажира дополнителна помош, доколку биде потребно.

Надлежните апелираат до граѓаните да не се приближуваат до регионот и да пријавуваат доколку забележат нови жаришта во околината.

Escape