ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Масовни отпуштања во „Комунална хигиена“ – 371 работник добил отказ, според Ѓорѓиевски - ова се причините!

(ВИДЕО) Масовни отпуштања во „Комунална хигиена“ – 371 работник добил отказ, според Ѓорѓиевски - ова се причините!
Kristal

Новата градска администрација предводена од Орце Ѓорѓиевски започна со, како што ја нарече, „чистка во институциите“. Денеска градоначалникот објави дека од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ биле отпуштени 371 работник, за кои било утврдено дека со години примале плата без да се појавуваат на работа.

„Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши злоупотреби, ќе биде отстранет,“ изјави Ѓорѓиевски.

Овој потег предизвика бурни реакции во јавноста, бидејќи се работи за една од најмасовните кадровски промени во јавно претпријатие во последниве години. Дел од граѓаните на социјалните мрежи го поздравија потегот, нарекувајќи го „потребна чистка“, додека други бараат поголема транспарентност и докази за неправилностите.

Од Град Скопје најавија дека ќе следат и други ревизии во јавните претпријатија, со цел да се откријат злоупотреби, фиктивни работни места и нерегуларности во вработувањата.

Escape