ПРВ.мк
Македонија

Без промени во Брвеница – ДИК едногласно ги отфрли приговорите!

Без промени во Брвеница – ДИК едногласно ги отфрли приговорите!
Kristal

Државната изборна комисија (ДИК) денеска разгледуваше вкупно 16 приговори поврзани со гласањето и сумирањето на изборните резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.

Приговорот поднесен од кандидатот за градоначалник на Брвеница, Хаќим Рамадани, кој се однесуваше на пет избирачки места, едногласно беше одбиен од членовите на Комисијата. Според објаснувањето на членот Ангелчо Ристов, приговорот содржел правни недостатоци, бидејќи – согласно со законот – требало да биде поднесен од подносителот на кандидатската листа, а не од самиот кандидат, поради што е прогласен за недозволен.

Во Општина Шуто Оризари се поднесени 13 приговори – десет од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и три од Сојузот на Роми. За избирачко место 2956, Комисијата го отвори материјалот поради сомнеж за несовпаѓање на две гласачки ливчиња. По проверката, не било утврдено дополнително ливче, поради што приговорот бил одбиен. Сепак, била констатирана промена во бројот на гласовите за кандидатот со реден број 9 (два гласа помалку), како и зголемување на бројот на неважечки ливчиња – од осум на десет.

Во тек е разгледувањето на приговорите за избирачко место 2971 во Шуто Оризари, како и за Општина Карпош, во рамки на 156-тата седница на ДИК, која сè уште трае.

Escape