Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска соопшти дека започна исплатата на сите права од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2025 година.
Корисниците кои располагаат со дебитни картички веќе можат да ги подигнат своите средства – готовински на банкоматите, преку плаќања во продавници или со електронско и мобилно банкарство.
За граѓаните кои немаат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во две групи, според азбучен ред на презимињата:
- Првата група, со презимиња од А до Љ, може да ги подигне средствата денес, 6 ноември.
- Втората група, со презимиња од М до Ш, ќе може да ги подигне своите средства утре, 7 ноември, во сите филијали и експозитури на банките.
Од Министерството апелираат до сите корисници да го почитуваат распоредот на исплатата, со цел процесот да се одвива организирано и без метеж.
















