ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци се претвора во зимска престолнина: „Михајлово“ добива нова скијачка патека!

Кавадарци се претвора во зимска престолнина: „Михајлово“ добива нова скијачка патека!
Kristal

Ски-центарот „Михајлово“ на планината Кожуф ќе добие нова скијачка патека долга 1.200 метри, на надморска височина од 1.400 метри. Проектот, кој опфаќа и изградба на нов ски-лифт и две дополнителни патеки, претставува значаен чекор во развојот на зимскиот туризам во Кавадарци и целиот регион.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, најави дека новата патека ќе биде пуштена во употреба на 1 јануари 2026 година, нагласувајќи дека со тоа градот се позиционира како современа и атрактивна зимска дестинација.

– „Ова е силен развоен чекор за зимскиот туризам и за планинските спортови во нашиот регион. Кавадарци станува задолжителна зимска дестинација,“ – изјави Јанчев.

Ски-центарот „Михајлово“ беше отворен на 1 јануари годинава, со скијачката патека „Македонија“, која има должина од 370 метри и капацитет за околу 600 скијачи на час. Центарот располага со ски-лифт, снежни топови, заштитни мрежи и други потребни елементи за безбедно и модерно скијање.

Целта на проектот, според Јанчев, е да се зголеми туристичката понуда во регионот и да се привлечат посетители од целата земја и соседството. Во иднина, се планира дополнително проширување со изградба на хотели, ресторани и сместувачки капацитети.

Проектот е реализиран во соработка со Владата на Република Македонија, која има намера во следните неколку години да ја подобри инфраструктурата на оваа локација. Премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на центарот најави изградба на уште две патеки, секоја долга по два километри, кои ќе се простираат од 1.800 до 1.300 метри надморска височина.

Со новите инвестиции, „Михајлово“ постепено се претвора во модерен зимски центар со потенцијал да стане еден од водечките туристички комплекси во државата.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK