ПРВ.мк
Македонија

Изгубил контрола и излетал – 25-годишен тешко повреден во сообраќајка

Изгубил контрола и излетал – 25-годишен тешко повреден во сообраќајка
Kristal

Во Крива Паланка, на улицата „Св. Јоаким Осоговски“, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа, во која едно лице е сериозно повредено.

Инцидентот се случил на 06.11.2025 година, околу 13:45 часот, кога патничко возило марка „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишен возач од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот под засега непознати околности.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово, каде што бил префрлен за укажување лекарска помош.

На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка, која ги истражува причините за несреќата и околностите под кои возилото излетало од патот.

Escape