ПРВ.мк
Македонија

Тајна патека на криумчари: што се крие зад бегството кај македонско-албанската граница?

Тајна патека на криумчари: што се крие зад бегството кај македонско-албанската граница?
Kristal

На 6 ноември 2025 година, околу 18:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ во близина на Дебар, при рутинска контрола на граничниот појас кај месноста „Спаски дол“, пресретнале група од шест лица кои илегално ја преминале државната граница меѓу Македонија и Албанија.

Според полициските информации, групата со себе криумчарела четири телиња, кои ги водела пеш преку границата. Откако ја забележале полициската патрола, лицата веднаш се разбегале назад кон албанска територија, оставајќи го добитокот на местото на настанот.

Телињата биле без ушни маркици и без никакви документи за потекло. За случајот биле известени надлежните институции кои преземаат мерки за натамошно постапување со добитокот и за утврдување на идентитетот на лицата што ја преминале границата.

Escape