ПРВ.мк
Сцена

Карлеуша открива интимна тајна: Еве кој и се додворувал

Карлеуша открива интимна тајна: Еве кој и се додворувал

Јелена Карлеуша повторно ја „зачини“ сцената со едно урнебесно признание! Во гостувањето во подкастот Bunker, таа раскажа како пред неколку години хрватскиот пејач Тони Цетински се обидел да ја освои.

„Седам сама, јадам нешто зелено, кога одеднаш слушам ‘кс-кс’. Погледнувам – Тони Цетински! Ми праќа бакнеж и со главата ми покажува нагоре, кон собите“, раскажала Карлеуша низ смеа.

Пејачката вели дека љубезно го одбила, но признава: „Секоја на храброста! Тогаш уште не се познававме.“

Ова признание веднаш предизвика лавина реакции кај фановите, кои со интерес следат секоја нова изјава од популарната пејачка.

Escape