ПРВ.мк
Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за сите граѓани на Град Скопје

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за сите граѓани на Град Скопје

Град Скопје информира дека претстојниот викенд, на 27 и 28 јуни, ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото подрачје на главниот град.

Прскањето ќе се изврши во раните утрински часови во сабота и недела.

Доколку временските услови не дозволат реализација на дезинсекцијата во предвидените термини, таа ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот временски период.

Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на авионската дезинсекција.