Шеесет и шестгодишна адвокатка од Куманово била пронајдена почината во својата адвокатска канцеларија, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 23 јуни во 12:23 часот во СВР Куманово.
„Во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П. (66) од Куманово“, соопшти полицијата.
На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош, каде лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Од Министерството за внатрешни работи засега не соопштуваат дополнителни детали за случајот.









