ПРВ.мк
Сцена

(ВИДЕО) Бившиот ријалити пар на Балканот повторно во центарот на вниманието: Луна Ѓогани и Слоба Радановиќ се сретнаа лице в лице по години молк!

(ВИДЕО) Бившиот ријалити пар на Балканот повторно во центарот на вниманието: Луна Ѓогани и Слоба Радановиќ се сретнаа лице в лице по години молк!

Луна Ѓогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ повторно се најдоа во фокусот на јавноста по нивната неодамнешна средба со пејачот Слоба Радановиќ на промоција на албумот на Ивана Бум Николиќ, настан кој веднаш предизвика бројни реакции и шпекулации.

Средбата со поранешниот партнер на Луна, со кого таа во минатото беше дел од најгледаните и најконтроверзни ријалити приказни во регионот, повторно ја отвори темата за нивната историја, но и за односите меѓу сите вклучени страни.

Паралелно со ова, во јавноста повторно се појавија гласини дека бракот на Луна и Марко е во криза и дека двојката се разведува. Сепак, тие решија јавно да одговорат на овие наводи и да стават крај на шпекулациите.

Тие истакнаа дека станува збор за гласини кои ги следат со години и дека се веќе навикнати на вакви приказни. Според нив, фактот што повремено не се појавуваат заедно во јавност не значи дека има проблеми во нивниот брак, туку едноставно дека не чувствуваат потреба постојано да бидат присутни пред камери.

„Тоа се само трачеви кои нè следат веќе седум години. Навикнати сме и не се оптоваруваме. Не сме должни 24 часа да бидеме пред камери како во ријалити. Ако не нè гледате некаде, тоа не значи дека се разведуваме, туку дека можеби во тој момент не ни одговара да се појавуваме во јавност. И ние сме луѓе од крв и месо и ни треба време за себе“, изјавиле тие.

Кога станало збор за средбата со Слоба Радановиќ, Марко Миљковиќ нагласил дека меѓу нив немало никаква комуникација. На директно прашање дали се поздравиле, кратко одговорил дека за тоа немало причина.

И Луна Ѓогани потврдила дека не почувствувала непријатност при средбата, додека Марко дополнително објаснил дека целата ситуација одамна е надмината и затворена.

„Не ни беше непријатно, нема причина за тоа. Прашање на време беше кога некаде ќе се сретнеме. Нема причина повторно да се отвора тема од пред десет години. На тоа одамна е ставена точка“, изјавил тој.

ВИДЕО

Најнови вести