Популарната српска пејачка Александра Пријовиќ, која е во брак со Филип Живојиновиќ и со него има две деца, во една од своите претходни изјави открила интересни детали од почетокот на нивната љубовна врска.
Иако денес има исклучително близок однос со Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, пејачката признала дека на почетокот ѝ било многу непријатно да ги посетува.
„Сега со Брена имам однос како со мајка. На почетокот не беше така, но тоа беше поради мене. Искрено, ми беше срам“, раскажала Александра.
Причината за нејзината непријатност била тоа што семејството Живојиновиќ го познавала уште пред да започне врска со Филип.
Имено, Пријовиќ претходно настапувала на нивните приватни прослави, па преминот од професионален во семеен однос ѝ изгледал необично.
„Брена и Боба ги познавам со години. Пеев на нивните приватни прослави, а потоа одеднаш се појавив како девојка на Филип. Кога првпат отидов кај нив, сакав земјата да ме проголта“, признала пејачката.
Таа открила дека дури и го молела Филип да не ја носи во семејниот дом.
„Се чувствував како да сум направила нешто лошо. Филип ќе ми кажеше дека одиме кај него, а јас го молев да не ме носи таму“, се присетила Александра.
Со текот на времето, почетната непријатност исчезнала, а односот со Лепа Брена прераснал во вистинска семејна блискост.
Денес Александра отворено зборува за нивната поврзаност, нагласувајќи дека Брена ја доживува како мајка.










