ПРВ.мк
Сцена

„МЕ УНИШТУВАШЕ 30 ГОДИНИ“: Брижит Бардо му оставила писмо на сопругот со тешки обвинувања, а наследството добило неочекуван расплет!

„МЕ УНИШТУВАШЕ 30 ГОДИНИ“: Брижит Бардо му оставила писмо на сопругот со тешки обвинувања, а наследството добило неочекуван расплет!

„Ме уништуваше трпеливо, ден по ден, цели 30 години“ – со овие горчливи зборови француската филмска легенда Брижит Бардо му се обратила на својот последен сопруг Бернар д’Ормал во писмо напишано во ноември 2022 година. Иако нивниот брак траел повеќе од три децении, актерката во пораката му замерувала дека не ѝ ја давал љубовта, вниманието и нежноста што ѝ биле потребни.

Писмото, кое било напишано три години пред нејзината смрт, повторно го привлече вниманието на јавноста кон приватниот живот на славната актерка. Дополнителна тежина добива по нејзиното заминување, особено поради спорот што се отвори околу нејзиниот имот во Сен Тропе и иселувањето на нејзиниот сопруг од куќата во која живееле заедно.

Во писмото Бардо му објаснила на д’Ормал дека очајно ѝ е потребен партнер кој ќе ѝ пружи љубов, поддршка и нежност. Таа посакувала некој што ќе сака да поминува време со неа, да седнат заедно на кафе или едноставно да заминат на прошетка со автомобил.

Наместо тоа, според содржината на писмото, актерката чувствувала дека не ги добива токму оние работи што ѝ биле најважни во една врска. Нејзините зборови откриваат длабоко незадоволство од односот со сопругот, и покрај долгогодишниот заеднички живот.

Писмото било објавено во францускиот весник „Ле Фигаро“, а француските медиуми објавиле дека неговата автентичност ја потврдиле блиски членови на семејството.

Брак што траел повеќе од три децении

Брижит Бардо и Бернар д’Ормал се запознале во 1992 година, а истата година стапиле во брак во Норвешка. Тој бил нејзин четврти и последен сопруг, со кого поминала повеќе од 30 години.

Славната француска актерка почина на 28 декември 2025 година, на 91-годишна возраст, во својот дом во Сен Тропе. Во текот на животот била мажена четири пати, а зад себе го оставила синот Никола Шарие, кого го добила во бракот со актерот Жак Шарие.

Спорот околу куќата во Сен Тропе

По смртта на Бардо, во јавноста се отвори и спор околу познатиот имот Ла Мадраг, каде што живееле сопружниците. Нејзиниот 85-годишен сопруг бил принуден да го напушти имотот, а неговата адвокатка го критикувала начинот на кој било спроведено иселувањето, оценувајќи дека кон него се постапувало „полошо отколку кон криминалец“.

Д’Ормал, пак, изјавил дека во куќата живеел 35 години и дека начинот на кој морал да ја напушти му предизвикал голема огорченост.

Од Фондацијата „Брижит Бардо“ изнесуваат поинаква верзија на настаните. Во официјално соопштение од 28 октомври 2026 година, фондацијата наведува дека актерката уште додека била жива ѝ го подарила имотот Ла Мадраг, со цел да ја обезбеди иднината на својата работа за заштита на животните.

Според фондацијата, Бардо однапред му обезбедила на сопругот можност да живее во стан во Париз, но тој одлучил да го продаде. Оттаму нагласуваат дека постапувањето со имотот е поврзано со почитување на правните документи и волјата на основачката, а не со лична пресметка со нејзиниот вдовец.

Кому му го оставила богатството?

Имотот на Брижит Бардо е наменет за нејзиниот син Никола Шарие и фондацијата што го носи нејзиното име, која продолжува да ја спроведува нејзината работа за заштита на животните.

Самата д’Ормал претходно изјавил дека токму тој ѝ кажал на сопругата дека не сака ништо да наследи. Според неговите зборови, одбивал и подароци за никој да не помисли дека ја искористувал.

Сепак, по нејзината смрт јавно го изразил незадоволството поради иселувањето од Ла Мадраг и начинот на кој бил третиран.

Целиот случај повторно ги отвори прашањата за последните години од животот на Брижит Бардо. Таа со децении беше една од најголемите филмски ѕвезди во Европа, но подоцна целосно се повлече од актерството и својот живот го посвети на заштитата на животните.

Нејзиното писмо сега открива дел од приватното незадоволство што го чувствувала во бракот, додека спорот околу имотот и наследството продолжува да привлекува внимание, со спротивставени ставови од страна на вдовецот и фондацијата.